Формула 1 во Австралија ќе се вози до 2035 година

Патеката „Алберт парк“ во Австралија ќе биде домаќин на Формула 1 шампионатот до 2035 година по потпишувањето на новиот десетгодишен договор, изјави директорот на најбрзиот циркуз во светот, Стефано Доменикали.

Мелбурн првпат беше домаќин на Ф1 трка во 1996 година.

-Мило ми е што можам да потврдам дека Мелбурн и Алберт парк ќе останат во календарот барем до 2035 година. Тркачкиот викенд во Австралија секогаш беше омилен меѓу возачите и тимовите. Мелбурн е неверојатен град и е вистинско место за нашиот спорт, изјави Доменикали.

Треба да знаете
Последни објави