Перез проговори зошто пропаднала преселбата на Мбапе во Париз

Флорентино Перез како никогаш досега отворено зборуваше за пропаднатиот трансфер на Килиан Мбапе во Реал Мадрид.

Претседателот на Реал Мадрид гостуваше во популарната емисијца „Ел Чирингито“ и откри кои биле условите кои ги барал францускиот напаѓач, кои биле шок за него и за клубот.

-Сонот на Мбапе беше да игра за Реал и тоа ми го кажа многу пати. Очајно сакаше да дојде кај нас уште во август минатата година. После тоа постојано ми велеше дека сака да игра само за Реал. И тогаш, пред 15 дена, сè одеднаш се промени. Мислам дека тоа е поради незамисливиот политички притисок под кој беше Мбапе. Претседателот на Франција и градоначалникот на Париз почнале да го опсадуваат и му рекле да не ги напушта Париз и Франција. Освен политички притисок, својот дел го одработија и финансиите, кои дојдоа од Катар. Тој рече дека нема да учествува во активности за спонзори на Реал кои не се негови приватни спонзори. Тоа ме шокираше, бидејќи никој во историјата на овој клуб никогаш не го побарал и не би го добил тоа, изјави првиот човек на „кралевите“.

Перез изјави дека моментално не размислува за нова офанзива за Мбапе. Му посака среќа во ПСЖ и рече дека кога неговиот пристап ќе се промени, може да се започнат преговори за преселба во Мадрид.

Треба да знаете
Последни објави