Францускиот фудбалски интернационалец Пол Погба реши да го напушти амглискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед, откако не доби понуда за продолжување на соработката. Французинот од почетокот на јули ќе биде слободен играч и може да си бира нова екипа. Најверојатно ќе се врати во италјанскиот Јувентус.
Погба за англиски „Атлетик“ објасни поради што решил да си замине од премиерлигашот, кој сакал да го задржи Французинот, но само назборови.
-Целта ми е да покажам дека Јунајтед направи грешка што ме натера долго да чекам нов договор. Ми кажаа дека сакаат да ме задржат, а не ми понудија ништо. Тоа никогаш не сум го видел во фудбалот, кажа Погба.