Кошаркарот на НБА-лигашот Бостон селтикс, Џејсон Тејтум пред шестиот меч од финалната серија со Голден Стејт (2-3) потсети дека тимот неколку пати во критичните моменти успеал да им се реваншира на ривалите.
– Селтикси знаат како да одговорат на поразите. Ова само по себе не е лесно. Беше неверојатно тешко. Доживеавме неколку болни порази. Беше многу тешко по поразот од Милвоки во натпреварот 5. Разбравме дека сме должни да ги победиме двапати потоа, еднаш на гости. По поразот од Мајами во шестиот натпревар, не ни беше лесно. Но, во овие тешки моменти одговоривме. Не можам да кажам точно зошто. Веројатно поради волјата за победа, поради способноста да се сфати што се случува, изјави Тејтум.
Големото финале во НБА-лигата продолжува во три часот по полноќ со шестиот натпревар на кој домаќин ќе биде Бостон.
Во случај на победа на Селтикси ќе се игра мајсторка, во спротивно, Голден Стејт ќа го освојат шампионскиот трофеј.