(Видео) Пред педесет години Боуви ја раздрма рок-музиката и влезе во историјата

Помина точно половина век откако Зиги Стардаст, ликот кој го претвори Дејвид Боуви во меѓугалактичка ѕвезда и притоа ја револуционизираше сексуалната политика, се сруши на Земјата.

Пејачот помина една деценија обидувајќи се да ја усоврши својата сценска личност, но и покрај неколкуте хитови, како Space Oddity и Changes од 1969 година, кои се појавија две години подоцна, тој допрва требаше да ја достигне славата по која копнееше.

„Тој не успеа во сè што се обиде од почетокот на неговата кариера“, изјави за AFP Џером Солињи, еден од водечките светски експерти за Боуви и автор на книгата Дејвид Боуви: Виножито.

Но, на 16 јуни 1972 година, албумот The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars конечно ги собра сите елементи кои Боуви ги впиваше со години.

Имаше валкан рок на Иги Поп и Лу Рид кои ги запозна во Њујорк, мимика и театар што ги студираше во Лондон, комбинезони од A Clockwork Orange и диви, андрогени стилови од андерграунд геј-клубови што ги посетуваше со својата сопруга.

„Сакав да го дефинирам архетипот на месијанска рок-ѕвезда. Тоа е сè што сакав да направам. Користев кабуки театар, мимикрија, маргинална њујоршка музика”, изјави Боуви за радио Си-би-си во 1977 година.

„Не сакавме да имаме ништо со шеесеттите. Решивме дека сме на почетокот на 21 век. Сакавме да избришеме сè што беше порано”, изјави познатиот музичар во друго интервју.

Треба да знаете
Последни објави