Том Хенкс им се развика на фанови откако сопругата се сопна поради нив

Том Хенкс е снимен како луто се обраќа на толпа луѓе  да се повлечат откако неговата сопруга Рита Вилсон се сопнала и за малку ќе паднела кога упорни фанови ги опкружила на излегување од ресторан во Њујорк.

Актерот моментално го промовира својот најнов филм „Елвис“, во кој го портретира менаџерот на Присли, полковникот Том Паркер.

Додека излегувале од ресторан и оделе кон автомобил што ги чекал, на Хенкс и Вилсон им пришла група луѓе кои побарале селфи со нив.

Хенкс очигледно морал да реагира откако еден од нив се втурнал во сопругата и таа се сопнала. Снимката е поставена на Јутјуб.

На видеото се гледа како човек од обезбедувањето им го расчистува патот на двајцата за да поминат низ толпата додека го напуштаат ресторанот.

Треба да знаете
Последни објави