Португалскиот играч за врска Фабио Виеира (22) го напушта Порто и кариерата ќе ја продолжи во редовите на премиерлигашот Арсенал.
Порто објави денеска дека е постигнат договор со Арсенал околу висината на обесштетувањето и Виеира се сели во Лондон за сума од 35 милиони евра.
Износот би можел да се зголеми за дополнителни пет милиони евра во зависност од успесите на Арсенал.
Младиот португалски фудбалер потекнува од академијата на Порто, а за сениорскиот тим дебитираше во јуни 2020 година.