Голден стејт е новиот владетел во НБА-лигата

Кошаркарите на Голден стејт се новите шампиони во најсилната лига на светот НБА. Голден стејт ја освои четвртата титула во последните осум години, откако во финалната серија кој прв до четири победи во шестиот натпревар го совлада Бостон со 103:90 и со вкупни 4-2 стигна до третиот трофеј во последните шест сезони.

Стеф Кари кој го предводеше Голден стејт до шампионските прстени е прогласен за најкорисен играч (МВП) во финалната серија на НБА лигата. По последната послаба партија Кари се врати на рекордните патеки и решавачкиот меч за неговиот тим го заврши со 34  поени, седум асистенции и украдени топки.

Првиот трофеј „воините“ го освоија во 1947 година, а потоа шампионските пехари ги креваа и во 1956,1975,2015,2017,2018 и сега во 2022 година, додека Бостон кој последен пат славеше во 2008 година, остана на 17 титули.

 

Треба да знаете
Последни објави