Двократната олимписка победничка во атлетика, Британката Кели Холмс, јавно призна дека е хомосексуалка, истакнувајќи дека конечно собрала сили да се соочи со сопствениот страв од можни реакции во јавноста.
Сега 52-годишната Холмс, која на Олимписките игри 2004 во Атина го освои златните медали во трките на 800 и 1.500 метри, рече дека знаела дека е хомосексуалка кога има имала 17. години.
– Морав ова да го направам за себе. Тоа беше моја одлука. Нервозна сум поради ова. Понекогаш плачам олеснување. Во моментот кога ова интервју ќе биде објавено буквално ќе се ослободам од стравот, изјави Холмс во разговор за „Дејли Мирор”.