Голманот на францускиот фудбалски првак Пари Сен-Жермен, Џанлуиџи Донарума, смета дека не е така лесно да се стане шампион во Лига 1.
– Многу луѓе мислат дека е лесно да се освои Лига 1. Но, јас знам дека тоа апсолутно не е така. Има одлични тимови во лигата. Некои стадиони се навистина тешки за играње, навивачите се непријателски расположени, а тимовите се многу конкурентни. Значи ова е тешко. Ако не одиграме 100 проценти, тешко е да се победи. Неопходно е секој пат да ја демонстрирате вашата најдобра игра, изјави Донарума за клупскиот сајт на парижаните.
ПСЖ го освои францускиот шампионат во сезоната 2021/22, пред Марсеј со 15 бодови разлика. Тимот го освои првенството по десетти пат.
Донарума минатата сезона забележа 23 настапи за парижаните во сите натпреварувања и прими 23 гола.