Легендарниот рок-бенд Ролинг стоунс влегоа во партнерство со италијанскиот шампион, Милан, пред нивниот концерт на „Сан Сиро“ за одбележувњето на 60-годишнината на легендарниот ден.
Во дизајнот на двете маички, дуксерот и двете торби, црвено-црните ленти на Милан се помешани со логото со јазикот на Ролинг стоунс за нов грб. Песната „Sympathy for the Devil“ исто така е присутна во колекцијата, поврзано со „Диаволо“, прекарот на Милан.
Неочекуваната соработка е последна во низата на партнерството на Милан со „Рок нејшн“, промотерската компанија на Џеј Зи, која започна во 2020.