Првиот светски тениски рекет Данил Медведев ги прогласи фаворитите за годинашниот грен слем турнир Вимблдон 2022 година.
– Новак секогаш е фаворит. Тој ги освои последните три изданија на Вимблдон. Игра многу добро на трева. Ако зборуваме за најдобрите играчи во историјата на тревата, би го ставил него на прво место. Федерер и Ѓоковиќ се најдобри во мојата генерација. Секако, Надал може да го освои секој турнир на кој ќе влезе, а Беретини игра на високо ниво. Ако зборуваме за фаворитите на Вимблдон, тогаш тоа се Ѓоковиќ, Беретини и Надал, изјави Медведев за „Диарио де Мајорка”.
Грен слемот Вимблдон 2022 ќе се одржи од 27 јуни до 10 јули. Ѓоковиќ има шест победи на овој турнир, Надал има две, Федерер осум.
За потсетување, на 20 април организаторите на Вимблдон им забранија на руските и белоруските тенисери да учествуваат на турнирот.