Сенегалскиот фудбалски интернационалец Садио Мане и официјално е нов член на германскиот бубдеслигаш Баерн Минхен. Баварците денеска го промовираа големото засилување. Мане доаѓа од Ливерпул и потпиша договор до 2025 година.
„Среќен сум што конечно ќе играм во Баерн Минхен. Имаше голем интерес од овој клуб и во минатото, и за мене сега немаше дилеми. Мислам дека е вистинско време за овој предизвик. Сакам да освојам се со овој клуб, како во Германија, така и во Европа. Додека бев во Салцбург, гледав многу натпревари на Баерн. Навистина, го сакам овој клуб“, изјави Мане.