Дел од македонските кикбоксери кои учествуваа на Балканското првенство во Краљево, Србија, денес беа примени од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, соопштија од АМС.
На Балканијадата во Краљево македонските кикбоксери освоија 61 медал од од кои 16 златни, 26 сребрени и 19 бронзени.
Во вкупнио тпласман, македонската репрезентација заврши на второто место зад Србија која се закити со 54 одличја – 28 златни, 19 сребрени и 7 бронзени.
На турнирот учествуваа 73 Македонци со 77 настапи во дисциплините К-1, лоу кик и кик лајт.
Вкупно на Балканското првенство учествуваа 212 натпреварувачи од 7 држави.