Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски (22 г.) во новата натпреварувачка сезона ќе ги брани боите на шкотскиот Абердин. Шкотите објавија дека македонскиот интернационалец потпишал четиригодишен договор.
Можеме да потврдиме дека ги договоривме личните услови со Бојан Миовски кој ќе му се придружи на клубот со четиригодишен договор од МТК Будимпешта. Добредојде Бојан во Абердин – стои во објавата на клубот.
Миовски ја заврши сезоната во дресот на унгарскиот МТК со учинок од 31 настап и 10 погодоци. Претходно во кариерата беше дел од екипите на Ренова, Македонија ЃП, Работнички и Брегалница.