Еден ден по трансферот на македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски во шкотски Абердин, тамошните медиуми откриваат детали околу трансферот. „Скотсман“ пишува дека Абердин на МТК му платил 536.000 фунти, или околу 623.000 евра за трансферот на напаѓачот на македонската репрезентација.
Како што јавува изданието, МТК уште зимоска можел да го продаде Македонецот за трипати поголема цифра, но наводно одбиле 2 милиони евра од шпанскиот тим Гранада. Исто така некои медиуми јавија дека и Фрајбург бил заинтересиран да го донесе во своите редови.
Миовски вчера потпиша четиригодишен договор со Абердин. Тој имал понуди и од водечките унгарски клубови, но се решил за нов предизвик.