Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) го премести овогодишното финале во Купот Судамерикана од бразилската престолнина во аргентинскиот град Кордоба,
КОНМЕБОЛ соопшти доцна синоќа дека промената е на барање на Фудбалската федерација на Бразил, поради закажаниот прв круг од претседателските избори во земјата за 2 октомври, ден по финалето во Купот Судамерикана.
Финалето во второ по ранг јужноамериканско клупско натпреварување ќе се игра на стадионот „Марио Алберто Кемпес”.
На истиот стадион во Кордоба се одигра и финалето во Купот Судамерикана во 2020 година.