Македонија на стартот имаше контрола и водство од 4-1, но потоа Алжир влезе во ритам и израмни на 9-9, по што продолжи неизвесната игра и на полувреме двете екипи заминаа со 15-15.
Алжир го отвори второто полувреме со три гола (18-15), но потоа македонските репрезентативци прават пресврт (22-19).
Во драматична завршница Алжир ги користи своите шанси и избега на два гола предност (24-22), но Македонија не се предаваше и израмни на 24-24, по што имавме шанса и за победа, но Џонов не го реализираше пеналот.