Македонската женска одбојкарска репрезентација го претрпе третиот пораз во третиот свој настап на Медитеранските игри во Оран.
„Црвено-жолтите” попладнево загубија од Грција со убедливи 3:0, по сетови 25:18, 25:16 и 25:19.
Претходно на турнирот македонските одбојкарки загубија од Тунис и од Египет и се последни во Б-групата без бодови и со само еден освоен сет.
Грција е на првата позиција со максимални девет бодови, а за второто место во директен дуел ќе одлучуваат Тунис и Египет. зс/