Коронавирусот создава проблеми и оваа година на спортските настани. Престижниот тениски турнир, Вимблдон го има првиот заболен од Ковид-19, поранешниот финалист Марин Чилиќ, кој минатата недела тренираше со бранителот на титулата Новак Ѓоковиќ. Чилиќ поради позитивниот тест беше принуден да го напушти турнирот, но во непријатна ситуација го доведе и Ѓоковиќ.
Хрватот беше фотографиран како игра на Централниот терен минатиот четврток со Ѓоковиќ, подготвувајќи се за Рафаел Надал кој му беше можен ривал во четврт-финалето.
-Ги следиме насоките од Владата на Велика Британија околу изолации и потенцијални инфекции со ковид, наведуваат од ПР службата на Вимблдон, но без прецизирани детали.
Во најдобра варијанта Ѓоковиќ ќе биде тестиран пред настапот на Вимблдон, и доколку е негативен ќе се натпреварува, но ако е позитивен, сепак, ќе биде приморен да го напушти турнирот.