Барселона ја зголеми својата понуда за услугите на полскиот напаѓач Роберт Левандовски на 40 милиони евра, плус пет милиони евра бонуси, објави денеска високо тиражниот германски весник „Билд”.
Браселона првично нудеше 32 милиони евра, а потоа ја зголеми понудата на 35 милиони евра.
Според „Билд”, минхенски Баерн бара 60 милиони евра за да дозволи трансфер на Левандовски, кој има важечки договор со баварскиот клуб до крајот на идната сезона, кога полскиот репрезентативец ќе наполни 34 години.
Опцијата на која Барселона се надева дека ќе може да го купи Левандовски е да го продаде холандскиот репрезентативец Френки де Јонг на Манчестер јунајтед 65 милиони евра.