Новак Ѓоковиќ не дозволи никакво изненадување во дуелот против Танаси Кокинакис, во второто коло на Вимблдон. Србинот славеше лесно со 6:1, 6:4, 6:2 и за само два часа ја заврши работата и си обезбеди пласман во третото коло.
Едвај половина час траеше првиот сет кога Ѓоковиќ доминираше и го доби со убедливи 6:1. Австралијанскиот тенисер најголем отпор даде во вториот сет кога Кокинакис загуби само еден гејм на свој сервис и затоа го загуби само со 6:4.
Во третиот сет Ѓоковиќ ја доврши работата започната во првите два сета. На противникот му направи два брејка и на крајот со 6:2 го доби овој сет и без грешка се пласираше во следната фаза.
Французинот Амбер направи изненадување откако со 3:1 во сетови го елиминираше фаворизираниот Каспер Руд, кој беше трет носител.
Со 3:1 во сетови победи и Кецмановиќ против Табило, додека Тиафо со 3:0 го елиминираше Мартерер од Германија.