Радоњиќ нов тренер на Панатинаикос

Црногорскиот кошаркарски стручњак, Дејан Радоњиќ е назначен за шеф на стручниот штаб на Панатинаикос. Атинскиот клуб се договори за двегодишна соработка со 52-годишниот Радоњиќ кој ја мина последната година и пол на чело на Црвена звезда.

Во последното издание во Евролигата, српскиот клуб го зазеде 11. место со биланс 12-16 (победи-порази). Панатинаикос беше 13-ти со скор 9-19.

Во последните две сезони, Црвена звезда предводена од Радоњиќ ја освои Јадранската лига и првенството на Србија. 

Треба да знаете
Последни објави