Летонија ја победи Србија со 66-59 во меч од квалификациите за Светското првенство во кошарка, па сега Летонците се први во својата група. И Србите ќе одат во следната фаза, но денеска потфрлија во второто полувреме, откако го добија првото.
Во натпреварот со малку поени, во првиот дел подобро изгледаа српските кошаркари предводени од Аврамовиќ. Србија на полувреме имаше 31:25, но потоа целосно застана. Летонците одиграа нешто подобра одбрана во третата четвртина, но почнаа и да погодуваат тројки. На крајот на третата четвртина беше 46:38 за Летонија, а колку Србија беше лоша доволно говори и фактот што во цела трета четвртина постигна само 7 поени и првите 3 минути од последната четвртина.
Куруцс постигна 13 поени за Летонија, Гразулис и Каварс по 10, а најефикасни кај Србија беа Аврамовиќ со 16 и Маринковиќ со 12 поени.
Летонија сега има 4-1 во групата А, а со оваа победа обезбеди подобар сооднос против Србија доколку двете селекции завршат со ист сооднос. Имено, Србија во првиот натпревар славеше со 101:100. Србите сега имаат 3-2, Белгија 2-2 и Словачка 0-4. Белгијците и Словаците својот натпревар го играат подоцна.
Од НБА играчите, во српскиот тим беа Немања Бјелица и Бобан Марјановиќ, но тие заедно имаа само 5 поени. Фалеа многу од ѕвездите кај Србија, но и Летонија не беше комплетна, па овој пораз е предупредување за нашите северни соседи