И трет тенисер поради позитивен тест на ковид 19 се повлече од Вимблдон

Ковидвирусот ги проретчува учесниците на годинашниот тениски грен-слем турнир Вимблдон во Лондон. Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут соопшти дека мора да се откаже од настапите на Вимблдон, откако добил позитивен тест на ковид-19. Тој е третиот играч по Марин Чилиќ и Матео Беретини кои завршија со настапите поради ковид-протоколите.

Агут  во второто коло требаше да се соочи против Даниел Галан.

-За жал, денеска ги известив организаторите дека се повлекувам од турнирот. Вчера не се чувствував добро и се тестирав. Добив позитивен тест и мислам дека ова е најдобра одлука, напиша Шпанецот.

Треба да знаете
Последни објави