Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас е незадоволен од минутажата која ја добива во редовите на италјанскиот калчолигаш Наполи. Според медиумите во Италија Елмас побарал писмена гаранција од стручниот штаб дека во новата сезона ќе добива поголема минутажа во спротивно се заканил дека ќе побара нова средина.
Елмас најголем дел од своите настапи за Наполи изминатава сезона ги имаше како резервиста кога влегуваше од клупата. На 46 натпревари постигна 7 гола.
Во пресрет на преодниот рок Елмас не побарал трансфер, но ако не му бидат прифатени условите за поголема минутажа тој ќе се одлучи и за ваков чекор. Во редовите на Наполи пристигна во 2019 година од турскиот Фенербахче за 16 милиони евра, а главен иницијатор за негов трансфер беше тренерот Карло Анчелоти кој тогаш го водеше Наполи.