Американецот Ленс Сторц од Кентаки заврши во притвор откако синоќа убил двајца и повредил неколку други полицајци.
Инцидентот се случил во неговиот дом, каде тој се забарикадирал и оттаму почнал да пука врз полицаците.
Како што пренесува Еј-Би-Си, пукањето се случило во округот Флојд, синоќа околу 18:44 часот по локално време.
Според извештајот за апсење, Сторц бил вооружен со пушка и испукал повеќе куршуми кон полицајците околу неговиот дом, при што убил двајца од нив и едно полициско куче.
Полицајците дошле во куќата на Сторц поради пријава за семејно насилство. Ранети се петмина полицајци и директорот на Управата за вонредни состојби. Идентитетот на убиените полицајци се уште не е соопштен.
Гувернерот на Кентаки, Енди Бишер, на Твитер напиша дека округот Флојд претрпе страшна загуба и го повика целиот Кентаки да се моли.„Ова е тешко утро за нашата заедница”, напиша Бишер на Твитер.
Сторц е во притвор по повеќе обвиненија, вклучувајќи и за убиство на полицаец и обид за убиство на полицаец. Тој, меѓутоа, се изјасни за невин и судијата го задржа во притвор со кауција од 10 милиони долари.