Општина Карпош со жалење констатира дека и по осум месечно работење, поединци од Советот на Општината не можат да ги надминат сопствените фрустрации и членувањето во овој витален орган на локалната самоуправа го сфаќаат како место за исполнување на сопствените хирови. На седниците на Советот се носат најважните одлуки кои се интерес на граѓаните на општина Карпош. За жал, граѓаните се ставаат во втор ред, а седниците на Советот и интервенциите во дневниот ред се претвора во желботеки на поединци, не водејќи сметка за последиците врз граѓаните и врз локалната самоуправа.
Седниците на Советот мора да бидат добро подготвени, да се разговара за сериозни точки на дневен ред, од кои граѓаните ќе имаат бенефит. Предложениот дневен ред и намерите на одредени советници ни оддалеку не кореспондира со потребите на жителите на Карпош. Токму од тие причини, градоначалникот како предлагач на дневниот ред ги повлече сите точки кои беа планирани за денешната седница на Советот на Општина Карпош.
Загриженоста на дел од советниците не произлегува од неефикасноста на Советот и нерешавањето на проблемите на граѓаните, туку единствена грижа им претставува фактот што за месец јули нема да земат паушал од околу 20.000 денари.