Фон дер Лајен по разговар со Ковачевски: Ја поздравувам веста дека Македонија и Бугарија се блиску до договор

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, порача дека имала добар телефонски разговор со премиерот Димитар Ковачевски. Во објава на „Твитер“ таа напиша дека ја поздравува веста дека Северна Македонија и Бугарија се блиску до договор.

„Имав добар телефонски разговор со премиерот Ковачевски. Ги поздравувам вестите дека Северна Македонија и Бугарија се блиску до договор кој ги зема предвид интересите и грижите. Европската комисија е подготвена да го почне скринингот со Македонија и Албанија, како следен чекор на нивниот европскиот пат, напиша Фон дер Лајен.

Вчера по прес-конференцијата на францускиот претседател Емануел Макрон, претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел порача дека е време да се каже „да“ и дека се наѕира отворање на патот за пристапните преговори меѓу Северна Македонија и Европската Унија. Од официјален Берлин , пак , стигна порака дека земјава не треба да ја пропушти оваа шанса.

Треба да знаете
Последни објави