Јокиќ доби супер-макс договор од Денвер

Српскиот центар, Никола Јокиќ, потпиша петгодишен договор со кошаркарскиот НБА-лигаш Денвер Нагетс. Актуелниот МВП играч во најсилната кошаркарска лига на светот ќе заработи 260.000.000 долари.

Бидејќи е Ол стар играч и добитник на МВП наградите, тој ги исполни критериумите за супермакс договор кој му носи 264 милиони долари за пет години во франшизата од Колорадо.

Јокиќ сезонава имаше просек од 27,1 поен и 13,8 скока по натпревар. Две сезони тој е најдобриот играч во НБА лигата.

Треба да знаете
Последни објави