Ве информираме дека денеска, петок (01.07.2022 год) од 11 часот, поради најавената блокада на улица „11 Октомври“(пред Собрание на РСМ), возилата од јавниот превоз кои сообраќаат во тој реон ќе возат по изменет режим од вообичаениот, односно ќебидат пренасочени по околните сообраќајници.
По изменети траси ќе сообраќаат следниве линии:
Линии 3, 3А и 3Б
* Во насока одАеродром кон Клинички центар и Панорама, од Југодрво ќе продолжуваат правопо улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар и Панорама
* Во обратна насока, по булевар „Мајка Тереза“ према центар,ќе вртат десно по улица „Јордан Мијалков“, кај „Неуромедика“ ќе вртат лево по Јужен булевар до раскрсницата кај Тутунски комбинат, потоа лево по улица „11 Октомври“ и ќе продолжуваат по своите вообичаени траси
Линија4
* Во насока од населба 11Октомври кон Хром, од улица „11Октомври“ ќе вртилевопо улица „Кирил и Методиј“,кај Дом на печат десно побулевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса
* Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), па преку улица „11 Октомври“ ќе продолжува по својата редовна траса
Линија 4А
* Во насока од Усје кон Тафталиџе, од улица „11 Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе продолжува право и од кружнит тек кај Католичка црква ќе продолжува по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по својата редовна траса
* Во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса
Линија 5
* Во насока од Ново Лисиче кон Ѓорче Петров, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, па право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ќе продолжува по својата редовна траса
* Во обратна насока, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улица „Димитрие Чуповски“, па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовнаа траса
Линија 7
* Во насока од Лисиче кон Карпош, од Југодрвоќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“,лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса
* Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание РСМ),улица „11Октомври“и ќе продолжува по својата редовна траса
Линија 15
* Во насока од Ново Лисиче кон Карпош,од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“, кај Домна печат десно побулевар „Климент Охридски“, па лево на булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжува по својата редовна траса
*Вообратнанасока, од булевар„Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса
Линии21,21A, 21Б и 22
* Во насока од Транспортен центар кон Бардовци и Волково, од кај Комплекс банки ќе продолжуваат по булевар „Крсте Петков Мисирков“, па лево по булевар „Гоце Делчев“, па по булевар „Партизански одреди“ и ќе продолжуваат по своите редовни траси
* Во обратна насока ќе се движат по истата изменета траса
Линија 23
* Во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжува право по улица „Кирил и Методиј“ до Дом на печат
*Во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“, булевар „Климент Охридски“, десно по улица „Димитрие Чуповски“, па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса
Линија 24
* Во насока од Кисела Вода кон Тафталиџе, од кај подвозникот ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, кај Дом на печат десно по булевар „Климент Охридски“, па лево по булевар „Партизански одреди и ќе продолжува по својата редовна траса
* Во обратна насока, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), по улица „11Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса
Линија 26
* Во насока од Карпош кон Железара, од булевар „Партизански одреди“ ќе врти лево по мост Гоце Делчев, па по булевар „Гоце Делчев“, лево по булевар „Крсте Петков Мисирков“ и ќе продолжува по својата редовна траса
* Во обратна насока ќе се движи по истата изменета траса
Линии 27, 33 и 44
* Во насока од Аеродром кон Дом на печат, од Југодрво ќе продолжуваат право по улица „Кирил и Методиј“до Дом на печат
* Во обратна насока, од булевар „Мајка Тереза“, булевар „Климент Охридски“, па десно по улица „Димитрие Чуповски“, десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), ул. „11Октомври“ и ќе продолжуваат по својата траса
Линија41А
* Во насока од населба Драчево кон Клинички центар, од улица „11Октомври“ ќе врти лево по улица „Кирил и Методиј“, па лево по булевар „Мајка Тереза“ до Клинички центар
* Во обратна насока, од булевар „Климент Охридски“, улица „Димитрие Чуповски“, па десно по улица „Даме Груев“ (позади Собрание на РСМ), улица „11 Октомври“ и ќе продолжува по својата редовна траса
Линии 43, 50, 50А, 57, 57А и 59
*Во правец на Клинички центар, Дом на печат, Козле и Карпош, одпостојка Битпазар ќе вртат деснопо булевар „Гоце Делчев“, а после мост Гоце Делчев и булевар „ВМРО“ ќе продолжуваат по своите редовни траси
*Во обратна насока ќе се движат по истите изменети траси