Асанж ќе се жали пред Врховниот суд на Велика Британија за одлуката за екстрадиција во САД

Би-Би-Си денеска јави дека Џулијан Асанж побарал дозвола да се жали на одлуката за негова екстрадиција во САД, откако британската министерка за внатрешни работи Прити Пател минатиот месец го одобрила неговото протерување.

Би-Би-Си доби официјална потврда дека барањето на основачот на Викиликс е доставено до Вишиот суд во Лондон.

Американските власти го бараат Асанж поради документите објавени во 2010 и 2011 година, за кои САД тврдат дека загрозија многу животи, а станува збор за документи поврзани со војните во Авганистан и Ирак.

Асанж имаше рок до петок да одлучи дали ќе поднесе жалба на одлуката за екстрадиција.

Основачот на Викиликс е во лондонскиот затвор Белмарш.

Треба да знаете
Последни објави