Поранешниот македонски амбасадор во ОБСЕ Арсим Зеколи смета дека првиот проблем настанал со Преспанскиот договор и поради диктна вклученост на западните дипломати, тој процес се држеше во кординати и се даваше привид на олеснување, но со конкретна цел, да се влезе во НАТО.
За францускиот предлог смета дека е лош.
-Со тоа ќе се согласат сите. Проблем за нас е што тој договор е дериват на Договорот од 2017. Да бидеме внимателен дали е толку лош, бидејќи може да ни се понуди нешто полошо. Пред три години, прашањето за идентитетските спорови беше апсурд, а денес е дел од мејнстримот во Европа, наметнат од Русија кон Украина. Во таа понуда, ја има дефиницијата дека сето наведено не подразбира дека Бугарите го признаваат јазикоти кај нас тоа е интерпретирано како негација, вели Зеколи во „Трилинг“