Ковачевски на средба со граѓанскиот сектор: Владата партнерски низ дијалог и консултации носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани

Денеска во рамки на консултативните средби за европскиот предлог за евроинтеграции на Северна Македонија, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски одржа средба со претставници од граѓанскиот сектор, експерти од различни области, професори и политички аналитичари.
На брифингот се дискутираше за европскиот предлог за просперитет на Северна Македонија.
Премиерот Ковачевски упати благодарност за придонесот што го даваат граѓанскиот сектор и експертската јавност во овие клучни моменти за државата.
При тоа премиерот Ковачевски посочи дека Владата партнерски низ дијалог и консултации носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија. Премиерот Ковачевски истакна дека Владата нема дилеми за стратешкиот правец на државата и одлуките што ќе се носат ќе бидат на прогресивната страна со јасна заштита на јазикот и идентитетот на државата да одлучиме дали сме на прогресивната страна.
Треба да знаете
Последни објави