Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски после само осум минути на дебито во дресот на шкотскиот Абердин го псотигна својот прв погодок за новиот клуб. Миовски после два тренинг денес настапи за Абердин во пријателскиот натпревар во предсезоната против Сент Џонсон на подготовките во Шпанија. Македонскиот напаѓач беше стрелец на голот во првото полувреме за својот тим.
Коментарите по настапот на Миовски се позитивни, па затоа сега уште повеќе се очекува почетокот на сезоната и официјалните натревари.
Абердин за услугите на Миовски плати 624.000 евра.