Ортега нов голман на Манчестер сити

Стефан Ортега, досегашниот голман на бундеслигашот Арминија Билефилд е нов член на англискиот шампион Манчестер сити.

Ортега доаѓа во Сити без обесштетување и ќе му биде резерва на Бразилецот Едерсон.

– Доаѓањето во толку добра екипа беше мојот сон. Се надевам дека ќе добивам што повеќе можности и верувам дека ќе и помогнам на екипата, изјави Ортега.

Првото летно засилување во редовите на англискиот првак беше норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд.

Треба да знаете
Последни објави