Светското првенство во Катар треба да биде почеток на нова ера во модерниот фудбал во кој и технологијата си го наоѓа своето место. Овојпат станува збор за офсајд правилото кое прави клучна разлика во оваа игра.
– Полуавтоматската офсајд технологија ќе се користи на Светското првенство во фудбал во 2022 година. Системот обезбедува автоматско предупредување за офсајд до судискиот тим на натпреварот преку видео. 3D анимацијата ќе ја подобри комуникацијата со навивачите на стадионот и гледачите.
Технологијата ќе функционира слично како ВАР, односно ќе се вклучува само при многу тесна ситуација, при што ќе биде активирано таканаречено „портокалово знаме“ и од тој момент ќе има комуникација меѓу главниот судија и оние во ВАР собата. 3D снимката ќе го даде конечниот одговор за тоа дали ситуацијата е офсајд или не, па по 25 секунди треба да се даде целосната слика во анимирана верзија.