„За нас Кирил Петков, Асен Василев или кој било кој од поранешната четворна коалиција, сегашната тројна или „Промените продолжуваат“ се персона нон грата, изјави Десислава Атанасова шефицата на пратеничката група во бугарското собрание од ГЕРБ.
Според ГЕРБ најдобрата опција за Бугарија е да има избори.
-Со оваа ротација можеби до крајот на мандатот ќе имаме 8 премиери, но ова Народно собрание не е во состојба да формира стабилна работна влада. Овој парламент е исцрпен. Очигледно е неспособен да формира какво било работно мнозинство. Петков кој не може да состави мнозинство поставува услови – ГЕРБ без Борисов, ова е лудо, коментира Томислав Дончев.