Еден од најуспешните тренери за физичка подготвеност на спортистите во Шпанија, Едуардо Мена почина на 56 годишан возраст пренесоа медиумите од Пиринејскиот полуостров. Мена имал проблеми со срцевата аорта поради што во средата двапати бил опериран, но не ја преживеал хирушката интервенција.
Едуардо беше фудбалер, но не многу успешен и познат како играч, но затоа пак откако се определи за планирање на разни подготовки или програми за спортисти, глумци, пејачи и многу јавни личности, кои ги советуваше и околу исхраната, беше многу успешен и популарен фитнес-тренер во Шпанија.
Соработуваше со најголемите ѕвезди и бројни спортисти. Меѓу неговите клиенти беа Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Роберто Карлос…Пред смртта Мена работеше и со тенисерот Рафаел Надал.