Претставници на ФФМ на судиски семинар во Србија

Тричлена делегација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) учествува на летен фитнес семинар за интернационални и фудбалски судии организиран од Супер лигата на Србија.

На покана на Фудбалската федерација на Србија во активностите на тематскиот семинар се вклучени кондицискиот тренер за фудбалски судии Сашо Даневски, фудбалскиот судија Игор Иванов и членот на Судиската комисија во рамки на ФФМ Драган Стојановски.

– Поканата за учество на семинарот во Србија и пренесувањето на искуствата од нашите судиски активности е нова потврда за посветеноста во работата на судискиот оддел во Македонија, соопшти денеска ФФМ. 

Треба да знаете
Последни објави