Премиерот Ковачевски и министерот Османи ги информираа амбасадорите за текот на широките консултациите кои Владата ги води со медиуми, експертски групи, политички аналитичари, коалициони партнери, опозицијата и останати партнери и соработници.
Ковачевски и Османи ги изнесоа позициите дека предлогот претставува солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја.
Амбасадорите присутни на состанокот дадоа поддршка за транспарентниот начин на спроведување на процесот, како и за силните заложби на Северна Македонија и стратешките определби за соработка и партнерство со САД и Европската Унија.
Беше заклучено дека неопходно е и натаму да се градат и поддржуваат демократските вредности како единствена определба која води кон напредок, просперитет и подобри услови за живот на граѓаните во земјата.