Лукаревска: Од 2023 година лимитот за поврат на ДДВ од скенирање на сметкитеќе се зголеми на 2.100 денари

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска на прес конференцијата при презентацијата на резултатите од досегашниот проект „Мој ДДВ“ најави дека заедно со министерот за финансии ќе предложат измени во законот за поврат на ДДВ за физички лица.

Со тоа како што вели од следната година, односно од 1-ви јануари 2023-та ќе се зголеми лимитот на сумата за поврат на ДДВ од сегашните 1800 денари на 2100 денари за едно тромесечје.

Ова според Лукаревска ќе претставува стимул и кај граѓаните и кај компаниите, едните да бараат, а другите да издаваат фискални сметки.

Апелира редовно да се ажурираат промените на податоците.

-На овој начин само со точни и валидни податоци ќе се овозможи навремено исплаќање на дел од данокот на ДДВ. Ги потикнувам граѓаните кои сè уште не ја користат оваа апликација да се приклучат кон семејството корисници со што ќе си создадат можност за за дополнителни средства во нивните буџети, порача директорката на УЈП.

 

Треба да знаете
Последни објави