Еден ден откако украинските сили се пофалија дека повторно го освоиле стратешкиот Змиски остров во близина на Одеса следуваше руски ракетен напад на регионот. Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека седум лица, меѓу кои три деца, се спасени од урнатините.
Сликите направени во раните утрински часови покажуваат спасувачи на место на настанот и како тлее фасадата на деветкатната станбена зграда. Претходно Зеленски во своето ноќно обраќање изјави дека островот на змиите е „повторно слободен“.
Според него островот на змиите е стратешка точка и значително ја менува ситуацијата во Црното море.
,,Сè уште не гарантира безбедност, сè уште не гарантира дека непријателот нема да се врати. Но, тоа веќе значително ги ограничува акциите на окупаторите. Чекор по чекор, ќе ги истераме од нашето море, нашата земја и нашето небо“, рече Зеленски.
Змискиот остров се наоѓа на околу 30 милји или 48 километри од брегот на Украина и е блиску до морските патеки што водат до Босфорот и Медитеранот. Во меѓувреме, портпаролот на руската армија Игор Конашенков на брифинг рече дека нејзините сили го напуштиле островот „како гест на добра волја“.