Пожар зафати барака во Мичурин, за брзо време ставен под контрола

Пожар попладнево избувна во барака во скопската населба Мичурин, информира за МИА Ѕвноко Томевски, командир во Бригадата за противпожарна заштита.

Од пожарот бил зафатен внатрешниот дел од бараката и кровот, а во неговото гаснење интервенирале осум пожарникари со три противпожарни возила.

– Пожарот за брзо време беше ставен под контрола и е целосно изгаснат. Повредени лица нема, информира Томевски.

Треба да знаете
Последни објави