Ришарлисон потпиша петгодишен договор со Тотенхем

Досегашниот напаѓач на Евертон, Бразилецот Ришарлисон (25), денеска потпиша петгодишен договор со  еден од финасики најмоќните итмови во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Тотенхем, објави клубот од северен Лондон.

Финансиските детали од договорот не се објавени, но британските медиуми наведуваат дека Тотенхем платил 50 милиони фунти, плус десет милиони во бонуси.

Ришарлисон во Евертон дојде во 2018 година од Ватфорд за 50 милиони фунти, и за клубот од Ливерпул одигра 152 натпревари на кои постигна 53 голови.

Неговите погодоци во завршницата од изминатата сезона беа клучни Евертон да обезбеди опстанок во Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави