Сијарто: Срамно е што Брисел го забавува европскиот пат на земјите од Западен Балкан

Унгарскиот министер за надворешни работи – Петер Сијарто денеска во Бањалука рече дека „е срамно што Брисел го забавува европскиот пат на земјите од Западен Балкан.

Тој оцени дека проширувањето на ЕУ е една од најважните политики и дека зајакнувањето на Унијата не е можно без нејзино проширување.

„Колку не има повеќе, толку сме посилни, а тоа е најважно за регионот на Западен Балкан. Унгарија е заинтересирана за мир и стабилност на регионот. Го поддржавме и кандидатскиот статус на Украина и Молдавија, но сметаме дека кандидати треба да станат и Грузија и БиХ. Срамота е што не се случи тоа“ рече Сијарто.

 

Треба да знаете
Последни објави