Големо апсење вчера во Скопје. Полицијата го приведе полицаецот М.Р., поранешен бодигард на Никола Груевски и човек многу близок до лидер на опозицињла партија кој заедно со уште две лица рекетирале скопјанец, дознава centar.mk.
Сите тројца се уапсени. Тие од оштетениот поради претходен земен заем од 63.500 евра во текот на 2004 година, во 2019 година му побарале околу 440.000 евра. Потоа му побарале дополнителни 560.000 евра кои требало да им ги исплати до 30.06.2022 година.
При примопредавање на дел од парите, тројцата се уапсени.