За влез во Македонија на Табановце се чека еден час, а за излез на Богородица до 30 минути

Поради зголемена фреквенција на возила, за влез во земјава на граничниот премин „Табановце“ се чека околу еден час, а за излез на преминот „Богородица“ се чека меѓу 15 и 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштува АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Треба да знаете
Последни објави