Македонските ракометари во група со Норвешка на Мундијалот 2023

Македонската ракометна репрезентација по денешната ждрепка во Катовице, ги доби ривалите за Светското првенство кое следната година ќе се игра во Полска и Шведска. Противници на „црвено-жолтите ќе во Ф-групата ќе бидат Норвешка, Аргентина и Холандија.

Состав на другите групи:

А-група: Шпанија, Црна Гора, Чиле и Иран
Б-група: Франција, Полска, Саудиска Арабија и Словенија
Ц-група: Шведска, Бразил, Африка 2 и Уругвај
Д-група: Исланд, Португалија, Унгарија и Јужна Кореја
Е-група: Германија, Катар, Србија, и Африка 5
Г-група: Африка 1, Хрватска, Африка 3 и САД
Х-група: Данска, Белгија, Бахреин и Африка 4

Македонците во првата групната фаза ќе играат во Краков. Мундијалот ќе се игра од 11- 29 јануари 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави