Најмалку пет лица загинаа во јужен Иран откако утринава земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала ја погоди таа област, по што следувале уште два силни потреси со јачина и до 6,3 степени по Рихтер. Потресот бил на длабочина од 10 километри, додава ЕМСЦ.
„Петмина луѓе загинаа, а до сега 12 се хоспитализирани“ изјавил началникот за вонредни ситуации во провинцијата Хормозган, пренесува „Ројтерс“.
Тој наведе дека спасувачката акција е завршена и обезбедени се шатори за сместување на итните случаи.
Државната новинска агенција ИРНА соопшти дека првиот потрес го срамнил со земја селото Саје Кош во близина на иранскиот брег. Следувале уште десетина потреси.
Во Иран се вкрстуваат главните геолошки раседни линии и претходните години земјата претрпела неколку разорни земјотреси, наведува „Ројтерс“.